Дива, секси и нескротлива: Теа потпомогната од Панчо руши сè пред себе!

Точка

03/03/2017

13:30

5124

Големина на фонт

а а а

Младата и атрактивна пејачка Теа оствари соработка со Панчо за најновиот хит “Рушевини”.

Се чини дека нејзиното време допрва доаѓа. По дипломирањето на Музичката Академија Теа одлучи комплетно да и се посвети на музичката кариера. По “Ехо”, “Доста глумиме”, “Можеш ли без мене”, “Ми треба малку време” следи одличната “Рушевини” за која се снимаше и спот во соработка со Томато Продукција. Текстот на песната е на Теа и Панчо а музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски. Ова е прва соработка меѓу Теа и Панчо а резултатот останува да го слушнете сами.

Со “Рушевини” Теа го најавува и својот прв албум кој треба да излезе оваа 2017 година
Спотот беше сниман во студиото на Томато Продукција а Теа и Панчо одлично се забавуваа за време на снимањето во опуштена и релаксирана атмосфера. За спотот Теа соработуваше со дизајнерскиот бренд Мустела Ермин и со Дарко Петковски а Панчо носеше модели на Jack & Jones.

Во спотот, чија премиера беше вчера, ќе ја видите Теа во малку поинакво издание - дива, секси и нескротлива!

Уживајте!



Спонозорирани линкови

Маркетинг