Скандал: Могерини во српското собрание дочекана со скандирање: "Србија, Русија, не ни треба Унијата"

Точка

03/03/2017

13:47

13177

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Федерика Моерини, зборувала денес во Собранието на Србија, каде била дочекана од скандирање на пратениците на СРС, кои извикувале "ууууу", удирале со рацете по собраниските маси и скандирале "Србија, Русија, не ни треба Унијата".

Нејзиниот говор во собраниската сала го следел и премиерот Александар Вучиќ.

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, на посебната седница на Собранието на Србија, ја дочекал млак аплауз од пратениците, за разлика од силното аплаудирање на премиерот Александар Вучиќ, а нејзиното обраќање го следело непрекинато скандирање на пратениците на СРС: "Србија, Русија, не ни треба Унијата".




Денешната посебна седница ја иницирала токму Могерини, која имала желба да им се обрати на српските пратеници.




А вака Шешељ го најавил својот "дочек" за Могерини.




"Ало, Девенпорт", довикувал Шешељ по говорот, а од масата се слушнало и "Па зарем не ме гледаш".



"Уаааа, Уаааа, уаааа", викале радикалите додека премиерот Вучиќ се ракувал со амбасадорот на ЕУ, Мајкл Девенпорт.


Пратениците на Двери со лидерот Бошко Обрадовиќ молчејќи стоеле со картони на кои пишувало на српски и англиски јазик: "Србија не му верува на Брисел", додека радикалите скандирале и удирале по масите.


Пратениците на СРС ден пред седницата најавиле дека претседателската кампања ќе ја започнат со попречување на посетата на Могерини.


Могерини на почетокот ги поздравила пратениците со "добар ден" на српски јазик, наведувајќи дека е чест што се обраќа во домот на српската демократија.


Обраќањето не го прекинувала и покрај попречувањата, освен што на скандирањето рекла дека подготвила голем говор, и им порачала на пратениците дека треба да го чуваат грлото за обраќање до гласачите.




Спонозорирани линкови

Маркетинг