Највисокиот кошаркар со 230 cm и со НБА потенцијал има само 16 години

Дерби

03/03/2017

11:16

1920

Големина на фонт

а а а

Висок е 230 cm и доаѓа од Романија. Тој е 40 cm повисок од Леброн и повисок од секој останат играч во НБА.

Роберт има 16 години и сега живее во Austinburg, Оhio и е дел од АКАДЕМИЈАТА НА ГРАНД РИВЕР.

Кога имал само 12, Роберт бил висок 212 cm. Toa не е изненадувачки, мајка му и татко му, исто така, се високи – татко му на Роберт кој играл со Ѓорѓе Мурешан за Романската репрезентација е висок 216 cm, и неговата мајка е 182 cm високa.

Роберт кога наполни 14 години ja напушти Романија да игра кошарка во Италија. Тоа беше прекрасен период за Роберт кој играше за италијанскиот кошаркарскиот клуб Стела Азура. Меѓутоа тоа траеше две години бидејќи неговите родители сакaa да го стават да тренира во поригорозна академска програма за кошаркари, каде што исто така покрај кошарката ќе може да се образува. АКАДЕМИЈАТА НА ГРАНД РИВЕР беше тоа што неговите родители го бараа и токму тоа училиште и го одбраа.



Роберт оди на училиште во текот на денот, и штом завршат часовите во училиштето продолжува со тренинзи во Spire Institute, елитен центар за обука за спортисти.

“Па, главната работа е во тоа што работам максимално, давам се од себе и се трудам да ги задоволам сите побараувања од страна на тренерот” – вели Роберт. Неговиот тренер вели дека Роберт треба да јаде пет пати на ден, за да покачи килажа за 20 килограми.Тој во моментов внесува 5000 калории на ден и се води посебен дневник за негова исхрана.

Роберт своето деби за тимот го имаше оваа година во месец јануари и репортерите на ESPN го најавија како можен НБА потенцијал.

Роберт вели дека неговата крајна цел е да успее да влезе во НБА, но сега свесен е дека ќе треба многу да работи и да напредува.

Во меѓувреме неговата цел е да се приспособи на училиште со своите врсници каде е познат под прекарот ” Големиот Боб”. Исто така се докажа дека Роберт е добар ученик со просек 4 оценка и зборува четири јазици англиски, романски, италијански и унгарски.


Спонозорирани линкови

Маркетинг