Садизам, расизам и "шверц на малолетнички" владеат со светот на високата мода

Точка

03/03/2017

10:15

3.374

Големина на фонт

а а а

Судирот поради наводното злоставување на манекенките зад сцената, фрлил сенка над Модната недела во Париз, каде најпознатите светски креатори ги претставиле своите колекции.

Истиот ден кога моделите излегле на модната писта и ги претставиле моделите на дизајнерските куќи како што се "Maison margiela" и "Lanvin", еден од највлијателните модни брендови "Balenciaga" соопштил дека го раскинал договорот со својата агенција за избор на модели, откако угледен кастинг директор изјавил дека манекенките се изложени на "садистички и суров" третман.

"Се разочарав кога дојдов во Париз и дознав дека оние на кои обично паѓа сомнежот си работат по старо", напишал на Инстаграм Џејмс Скали, ветеран во оваа индустрија.


Тој тврди дека на неодамна одржаниот кастинг на "Balenciaga", 150 модели со часови чекале на скали, во мрак, додека двајца кастинг директори, кои Скали ги опишал како "сериски злоставувачи", биле на ручек.

"Како што тоа обично и го прават, ја затвориле вратата, отишле на ручек и го изгасиле светлото така што девојките можат да се видат само преку светлото од мобилните телефони. Покрај тоа што е садистичка и сурова, таквата постапка е опасна, а повеќе девојки со кои разговарав рекоа дека доживеале траума", напишал тој.


Француската куќа за луксузна мода "Balenciaga" во средата соопштила дека на последниот кастинг имало проблеми и дека вовела радикални промени во постапките за кастинг и ги откажала услугите на обвинетата агенција.

"Покрај тоа, "Balenciaga" пратила писмо со извинување до агенциите на моделите кои биле жртви на оваа специфична ситуација, и побарале да го споделат со нив. "Balenciaga" го осудува овој инцидент и гарантира пристојни услови за манекенките", стои во соопштението.


Маида Грегори Боина, еден од кастинг директорите кои Скали ги обвинил, ги отфрлил обвиненијата и го обвинил за "објавување на лажни забелешки и клевети".

Скали, кого го поддржале моделите Џоан Смолс, Хелен Кристенсен и Каролин Марфи, го обвинил францускиот моден бренд "Lanvin" за дискриминација на црните жени.


"Слушнав дека од неколку агенти, од кои некои се црнкињи, добиле известување од "Lanvin" дека не сакаат нивните модели да ги претставуваат црни жени", напишал тој.

"Lanvin", меѓутоа, го отфрлил тоа тврдење, а креаторката на оваа куќа, Бучра Жарар, жестоко реагирала откако во средата ја претставила колекцијата за есен-зима.


"Ги навредуваат куќите за висока мода со своите обвиненија за расизам. За што зборуваат? Нашите гардероби се полни со девојки од различно потекло. Вистина е дека во моментов нема ниедна Французинка", рекла таа за AFP.

Скали исто така изнел обвиненија на сметка на една голема париска модна куќа, која не ја именувал. Тој рекол дека тие се обидуваат да "прошверцуваат" 15-годишни девојчиња на своите модни ревии.


"Не можам да сфатам дека толку немаат обѕир кон човековото достоинство и чувствата на овие девојки, посебно со оглед на тоа дека има премногу манекенки помлади од 18 години, на кои очигледно не им е таму местото".


Спонозорирани линкови

Маркетинг