ГС без Дурент падна во Чикаго

Макфакс

03/03/2017

09:59

438

Големина на фонт

а а а

Чикаго, Феникс и Портланд забележаа победи во трите натпревари кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

Чикаго славеше во дуелот со Голден Стејт 94:87. Вицешампионите во НБА лигата, на претходните 146 натпревари немаа забележано два порази во низа, а таа серија ја прекинаа во Чикаго.

Булси предводени од Џими Батлер (22 поени, 6 асистенции, 5 скокови, 4 украдени топки) и Боби Портис (17 поени, 13 скокови) забележаа значајна победа во борбата за плејофовот во Источната конференција.

Од друга страна Голден Стејт беше далеку од вооничаеното ниво, а на теренот се почувствува отсуството на Кевин Дурент. Стеф Кари беше најефикасен со 22 поени, а Клеј Томпсон постигна 13 поени, но овие двајца погодија само три тројки од 22 обиди.



Демијан Лилард постигна 33 поени и го предводеше Портланд до триумоф над Оклахома 114:109. Покрај Лилард одличен меч одигра и репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ кој имаше 18 поени, 12 скокови, 6 асистенции и 5 блокади.

Оклахома ја предводеше Расел Вестбрук со 45 поени, 8 скокови и 6 асистенции, но останатите челенови на стартната петорка заедно постигнаа само 12 поени.



Феникс славеше во дуелот со Шарлот 120:103 благодарение на одличната реализиција од поле. Играчите на феникс од игра имаа реализација од речиси 60 отсто.

Маркиз Крис со 17 и Леонардо Барбоса со поен помалку беа најпрецизни кај победникот, додека Кемба Вокер од Шарлот беше најефикасен на натпреварот со 26 поени.


Спонозорирани линкови

Маркетинг