Кирјос го елиминира Ѓоковиќ од турнирот во Акапулко

Макфакс

03/03/2017

09:57

821

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко. Вториот светски рекет загуби од Австралиецот Ник Киријос со 6:7, 5:7.

Проблематичниот Ник Киријос запиша уште една голема победа во кариерата, во минатото тој успеа да победи против Рафа Надал и Роџер Федерер, а во петоткот славеше над Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер, според многумина човекот кој го има најдобриот ритерн на сите времиња, немаше шанси против перфектниот сервис на Киријос. Австралиецот имаше 25 ас сервиси, а во целиот меч на противникот му дозволи само една шанса за брејк, која Ѓоковиќ не ја искористи.

Од друга страна Киријос успеа во 12-от гем од вториот сет да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ и да го добие мечот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг