Што ѝ се случило? Славната актерка изгледа запуштено и непрепознатливо

Точка

02/03/2017

22:03

9.236

Големина на фонт

а а а

Актерката минатиот месец добила целосно старателство над ќерката Луна после долга и макотрпна судска битка. Иако сè завршило добро за актерката, се чини дека сè уште е исцрпена од борбата.

Ума Турман (46) пушела цигара по цигара пред бизнис зграда во Њујорк. Ненашминканата актерка носела беж капут, црни пантолони и имала неуредна фризура, а за нејзина несреќа, во такво издание ја снимиле папараците.


Неодамна папараци ја фотографирале актерката и на еден аеродром каде што исто така не носела шминка и изгледала прилично запуштено и неуредно.


Иако победила во судската битка за старателство над ќерката Луна (4), актерката се чини дека сè уште не се опоравила од турбулентниот период. Имено, Труман со месеци се борела на суд со својот поранешен свршеник, мултимилијардерот Арпад Бусон (54).


Бизнисменот и актерката од почеток имале турбулентна врска. Се запознале во 2007 година, а пред олтарот требало да застанат во 2009 година, но венчавката била откажана, а актерката му го вратила прстенот на милијардерот.


Потоа, парот повторно се смирил во 2011 година. Таа година ѕвездата на филмот „Kill Bill” забременила. Следната година ја родила Луна, а Апрад и Ума сепак одлучиле да се венчаат. Но, после неколку месеци, Ума ја откажала венчавката и парот се разделил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг