Еве зошто лезбејките имаат почести оргазми од хетеросексуалните жени

Точка

02/03/2017

20:45

6.442

Големина на фонт

а а а

Не е случајно тоа што 61.6 отсто од хетеросексуалните жени велат дека доживуваат оргазми често или секогаш, а 74.7 отсто од лезбејките го тврдат истото.

Психологот Џоан Бегшоу објаснила во стручниот магазин „Psychology Today“ дека лезбејките доживуваат многу почесто оргазам за време на сексуалниот однос отколку хетеросексуалните жени, едноставно затоа што нивниот секс трае подолго.

А, зошто сексот на лезбејките трае подолго? Според истражување чии резултати ги објави магазинот „The Journal of Sexual Medicine“ во август 2014 година, 61.6 отсто од хетеросексуалните жени велат дека доживуваат оргазми „често“ или „секогаш“ за време на сексуалниот однос.


Наспроти тоа, своето сексуално задоволство вака го опишале дури 74.7 отсто лезбејки, а бисексуалните жени во 58 отсто од случаите одговориле дека доживуваат оргазам „често“ или „секогаш“. Истражувањето било спроведено на 6.151 полнолетна личност од двата пола, од сите возрасти и од различни сексуални ориентации. За мажите се испоставило дека успеваат да доживеат оргазам многу почесто отколку жените: 85,5 отсто од хетеросексуалните, 84,7 отсто од хомосексуалните и 77,6 отсто од бисексуалните мажи.

Од вкупниот број на испитаници, 2.850 од нив биле сингл, а сексуалните искуства за кои ги испитувале се однесувале на последните 12 месеци. Разликите во одговорите покажале уште нешто – дека хетеросексуалните жени со своите машки партнери имаат односи кои во просек траат помеѓу 15 и 30 минути, додека кај лезбејките по правило сексот трае помеѓу 30 и 45 минути. Една студија во 2013 година на која се повикува Бегшоу, навела дури дека женскиот истополов сексуален однос во просек трае 57 минути.


Тоа првенствено значи разлика во траењето на сексуалната предигра и користење на оралниот секс во лезбејскиот и геј сексуалниот однос во споредба со хетеросексуалниот однос, објаснува Бегшоу. Исто така, таа заклучила дека жените во истополов сексуален однос многу повеќе се грижат за тоа и двете партнерки да доживеат оргазам, отколку што тоа е случај во хетеросексуалниот однос.


Спонозорирани линкови

Маркетинг