Колачот без шеќер и брашно стана светски хит: одличен во секој поглед!

Точка

02/03/2017

16:16

7.466

Големина на фонт

а а а

Највкусниот колач од природни состојки..

Се приготвува навистина многу лесно, а доаѓа дури од Јужна Америка. Брзо се прави, уште побрзо се јаде - а еве што ќе ви биде потребно за него:

Намирници:

- 4 јајца
- 2 портокали
- 200 грама ореви/бадеми/лешници - вие одберете
- 200 грама кокос
- пола кесичка сода бикарбона

За филот:

- 100 грама темно чоколадо
- 200 мл павлака за готвење

Подготовка:

Најпрво потопете ги портокалите во раствор од соба бикарбона и оставете ги да стојат половина час. Потоа варете ги околу 30-тина минути додека не омекнат. Сомелете ги во блендер, додадете ги јајцата и јаткастите плодови (претходно сомелени) и сосема малку сода бикарбона.

Смесата блендирајте ја додека не се изедначи, а потоа ставете ја да се пече на 200 степени околу 20-тина минути.

На шопрет загрејте ја неутралната павлака за готвење и во неа додајте го чоколадото кое полека ќе започне да се топи. Истурете го преливот врз колачот и ... добар апетит!



Спонзорирани линкови

Маркетинг