Ваква среќа не се гледа секој ден: Оваа фока доби играчка - плишана верзија од себе која не може да престане да ја гушка

Точка

02/03/2017

16:00

5.383

Големина на фонт

а а а

Ако има нешто послатко од фока - тоа е фока со малечка плишана верзија на себе. Ова пресимпатично животинче од Јапонија доби специјален поклон од вработените во зоолошката градина -плишана минијатурна верзија од себе си.

Јасно е дека фоката се заљубила во прекрасниот поклон па од тогаш не може да престане да го гушка, да му се радува, да го вози на својот грб или да го притиска близу до срце. Се прашуваме да не мисли дека играчката и' e бебенце? Како и да е, едно нешто е сигурно - ваква среќа не се гледа секој ден.





Спонозорирани линкови

Маркетинг