Moschino ги облече своите манекенки во отпад – буквално!

Точка

02/03/2017

15:59

2.858

Големина на фонт

а а а

Миланската модна недела беше во центарот на вниманието откако Moschino ја претстави својата колекција за претстојната есен 2017. година.

Но, што се случило? Девојки, време е непотребните картонски кутии да ги искористите како парчиња облека – барем така препорачува оваа модна куќа.

A post shared by Moschino (@moschino) on


Шегата настрана, овогодинешната колекција која беше претставена во Милано предизвика лавина од реакции, што беше и повеќе од очекувано. Иако модата постојано се менува, никој досега не се осмелил во својот стил да вметне кутија од марамчиња, гума од велосипед, картонски кутии кои се спремни за фрлање итн.

Но, ете чуда се случуваат, па затоа проверете во Вашиот фрижидер – можеби тетрапак кутијата од млекото веќе е празна и спремна да премине во улога на шешир.



A post shared by Moschino (@moschino) on


Сè на сè, уникатна идеја на дизајнерот кој се одлучил да осмисли еден нов концепт, наместо да се враќа на преработка на веќе застарените.

A post shared by Moschino (@moschino) on


Веруваме дека ексцентриците ќе се заљубат во оваа колекција, тежнеејќи секогаш да бидат различни од другите, а понеобично од ова тешко дека ќе може да се најде.

A post shared by Moschino (@moschino) on


A post shared by Moschino (@moschino) on


Оваа колекција е еден од најдобрите начини да се докаже фактот дека рециклирањето е нешто што е многу корисно за човекот, во време на загаденост и глобално затоплување. Иако ова е само мода која припаѓа на модните писти на еден ваков настан, оваа постапка ја размрда јавноста, а неспорно е и нивото на креативност и досетливост на овој бренд, кој сепак уште еднаш успеа да се надмине себеси.

A post shared by Moschino (@moschino) on


A post shared by Moschino (@moschino) on





Спонзорирани линкови

Маркетинг