Хамилтон: Тешка година за Строл да влезе во Ф1

КРУГ.МК

02/03/2017

18:00

978

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон сочувствува со новиот возач на Вилијамс, Ленс Строл и знае дека 2017 година е тешка сезона за да ви биде дебитантска во спортот.

Поради излетувањето во понеделникот, Вилијамс не ја одработи попладневната сесија, а поради излетувањето вчера, ФВ40 нема да вози во текот на денешниот ден.

„Жал ми е за него затоа што ова е претешка година за да се биде дебитант во Формула 1. Знам дека патувал секаде низ светот и го возел Вилијамс-от на многу различни патеки и дефинитивно имал многу повеќе подготовка од било кој дебитант.

Излетувањата се очекувани затоа што новите болиди не се воопшто лесни за возење, премногу се брзи во кривините, а прецизноста е поважна од било кога.

Сепак, ова се само први денови на патеката и не може само да скокнете во болидот и да бидете конкурентн од искуство без да се извртите пробувајќи го лимитот. Добро е за него што греши сега наместо на првата трка“, објасни Хамилтон.


Спонозорирани линкови

Маркетинг