Кими најбрз на мократа патека

КРУГ.МК

02/03/2017

15:52

853

Големина на фонт

а а а

Кими Раиконен со своето Феерари СФ70Х беше најбрз на утринската сесија од последниот ден од првиот предсезонски тест.

Патеката Барселона Каталуња денеска беше вештачки намокрена со цел да се земат колку што е можно повеќе информации за сино и зелено маркираните пневматици на Пирели.

Финецот беше прв возач кој промени на мазни гуми откако патеката се исуши и неговото време од 1.22.305 беше за повеќе од 4 десетинки побрзо од она што го извози Роман Гросжан кој го имаше второто остварување во денот. Стофел Вандорн по првите 4 часови имаше 3то време што е охрабрувачки за Мекларен, но тој заостана 1,6 секунди од Ферари.

Две илјадитинки зад Вандорн беше Макс Верстапен, а оние потоа имаа над 2,5 секунди побавно време од она што го извозе Раиконен.

Како што најавивме, сесијата мина без Вилијамс, а Хамилтон иако најави дека поради проблеми со електрониката денеска В08 нема да се појави на патеката, сепак Валтери Ботас се активираше при крајот и комплетираше 9 кругови. Торо Росо повторно мака мачше со моторот.

Во однос на изминатите кругови, Хулкенберг на Рено имаше 51, два повеќе од Гросжан и 6 повеќе од Раиконен.


Спонозорирани линкови

Маркетинг