Не појадувал 35 години – тврди дека тоа е здраво!

Точка

02/03/2017

15:25

2.706

Големина на фонт

а а а

Др. Mark Mattson, невролог на Националниот институт за здравје во Мериленд, не појадувал цели 35 години. Тој го прескокнувал и ручекот, трчал по два часа на ден, а почнувал со оброците по пет часот попладне. Mark тврди дека тоа е тајната на неговиот здрав живот!

Др. Mattson почнувал да јаде од пет часот попладне, а во наредните шест часа тој надокнадувал за пропуштеното.


Во култура во која се подразбираат три главни оброци и минимум две ужини, самата идеја на прескокнување на оброците и гладување звучи претерано. Меѓутоа, судејќи по најновите истражувања, изгладнувањето или постот како што го нарекува Mark, е многу популарен тренд кој го практикуваат и познатите ѕвезди, како Hugh Jackman и Benedict Cumberbatch.

Valter Longo, директор на Институтот за долговечност при универзитетот South Carolina, сериозно го проучувал начинот на исхрана на др. Mattson, при што заклучил дека два до пет дена пост секој месец го намалува ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни болести и рак.

“Гладувањето или постот го намалуваат нивото на инсулин како и хормонот IGF-1, кој е во директна врска со настанувањето на дијабетес и рак во организмот. Кога ќе го намалите нивото на овој хормон, Вашето тело “мирува”, ќелиите го намалуваат својот раст, а со тоа се успорува и стареењето и настанување на многу болести” – вели Lango.

Правила на диетата 5:2


Диетата 5:2 се сведува на тоа 5 дена во неделата да се храните вообичаено, со тоа што ќе внесувате до 2.000 калории (за жени) и 2.400 калории (за мажи). Преостанатите два дена треба да го намалите внесот на калории на 500, односно 600 калории дневно.

Иако е тотално сеедно во кои денови ќе се храните нормално, а во кои ќе постите, авторите на диетата предлагаат намалениот внес на калории да го оставите за понеделник и четврток.

“Понеделникот е одличен бидејќи тогаш најмалку мислиме на храна, а четвртокот е одличен бидејќи ни претстои викенд, денови кога најмногу уживаме во вкусните оброци со семејството и пријателите. Најважно е деновите во кои се пости да не бидат споени, односно меѓу нив да има простор од најмалку 24 часа” – вели нутриционистката Michelle Harvie.

Исто така, намирниците кои ги внесувате мораат да бидат разновидни, со цел организмот да ги добие сите потребни нутритиенти за негово правилно функционирање.


Спонозорирани линкови

Маркетинг