7 совети како да го одржите крзното на вашето куче сјајно и здраво

Точка

02/03/2017

14:51

1.905

Големина на фонт

а а а

Сјајно крзно е знак за здраво куче. Како можете да му помогнете на вашиот најдобар пријател да има сјајно крзно?

Кучињата кои се здрави и среќни имаат сјајно крзно до од коренот се до неоштетените врвови.

Па, што значи ако крзното на вашето куче изгледа досадно и беживотно? И како можете да му помогнете да се пофали со својот изглед.

1. Туна, сардини и лосос: Сите тие се полни со здрави омега-3 масни киселини кои помагаат вашето куче да има посјајно крзно - плус, тие се ултра вкусни за вашето куче. Додадете во неговата исхрана и дел од нив секогаш кога можете.


2. Четкајте го редовно: Редовното чешлање на вашето куче му ја стимулира кожата и фоликулите на влакната, со што се зголемува природното производство на масла кои го прават крзното поздраво и посјајно. Четкајте го вашето куче барем еднаш секој втор ден.


3. Мијте го редовно: Но не премногу. Колку често ќе го бањате зависи од вашето куче, должината на неговото крзно и колку се валка. Сепак, капењето еднаш месечно е одлична општа насока - најчесто тоа е сосема доволно за да го одржувате крзното на вашиот пријател здраво, чисто и сјајно. Употребувајте шампон за кучиња кој нема да му ја иритира кожата. Размислете и да додадете природен балсам после капење - некој што содржи витамин Е. Некои сопственици употребуваат кокосово млеко за крзното на нивните кучиња неколку минути пред да ги бањаат.


4. Малку масло: Измешајте една супена лажица масло во оброкот на вашето куче за да го одржите неговото крзно здраво и мазно. Можете да употребите масло од ленено семе, маслиново, сончогледово, кокосово - какво и да имате, но не му давајте премногу - не сакате да му предизвикате дијареа. Кокосовото малсо може да помогне и при иритации на кожата.


5. Хербални лекови: Можете да му дадете суплементи од конско опавче бидејќи е полно со силициум - што е од суштинско значење за одржување на силна и здрава кожа, коски и крзно. Спирулината е уште една природна состојка која содржи протеини, Б витамини и каротеноиди. Бидете внимателни и не користете премногу од нив. Консултирајте се со вашиот ветеринар.


6. Заштита: Кучињата кои ги чувате на отворено и немаат засолниште од надворешните влијание имаат посуво крзно едноставно бидејќи обезбедуваат природна заштита. За постудентите зимски месеци обезбедете му топло засолниште за да поттикнете да си го зачува крзното.


7. Миење со овес: Кучињата кои имаат проретчено крзно, суво и грубо на допир најчесто имаат и проблеми со кожата. Бања со овес ќе им помогне да ја смират кожата, чешањето и ќе добијат меко и сјајно крзно. Овесот содржи витамин Е па делува како природен омекнувач. Едноставно сомелете една голема чаша овесни снегулки, ставете ја во легенче со топла вода и мешајте за да се растопи - откако ќе завршите со капењето, пред да го исушите истурете му ја оваа смеса врз грбот и главата на вашето куче но внимавајте на очите - масирајте 15 минути, истуширајте го и радувајте им се на последиците заедно со него.



Спонозорирани линкови

Маркетинг