Јапонската исхрана ги штити крвните садови

Точка

02/03/2017

14:28

1.442

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот начин на исхрана е еден од нутритивно најквалитетните, па затоа покрај медитеранското мени, нутриционистите сè повеќе го препорачуваат.

Овој режим на исхрана е урамнотежен и хранлив, а неговата главна предност се малите порции со разновидни намирници, со помош на кои брзо ќе ги симнете килограмите.

Рибата е еден од главните намирници на масата. Големите количини на здравите омега-3 масни киселини во рибата ги штитат крвните садови и го намалуваат ризикот од појава на атеросклероза. Јапонците консумираат риба и до 8 пати неделно, иако на Вашата трпеза доволно е да се најде барем три пати неделно.


Покрај риба, важно е да јадете што повеќе овошје и зеленчук, бидејќи содржат голем број на фитохемикалии и антиоксиданси. Се препорачува во текот на еден оброк да јадете неколку различни видови на зеленчук, сервирани во мали чинии и во иста грамажа. На овој начин, Јапонците практикуваат балансирано јадење и никогаш не јадат повеќе од потребното.

Како главен прилог на секој оброк би требало да консумирате ориз, најдобро во интегрална форма. Освен за ручек и вечера, тој може да го консумирате и за појадок, во комбинација со овошје. При подготовка на оброците со ориз, додадете и соја-сос во умерени количини.

Не заборавајте да внесувате и млеко и млечни производи, но одберете ги оние со мал процент на маснотии.

Пример за мени:

Појадок:

● шолја зелен чај
● супа од зеленчук
● 100 гр. интегрален ориз

Ужина:

● овошје по желба

Ручек:

● супа од зеленчук
● 150 гр. риба
● 100 гр. интегрален ориз
● салата од зеленчук по избор
● шолја зелен чај

Вечера:

● 150 гр. варени пилешки гради
● 100 гр. интегрален ориз
● салата од спанаќ


Спонозорирани линкови

Маркетинг