Кузмановски и Дибиров во идеалните седум во СЕХА

Дерби

02/03/2017

14:21

1.174

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец и член на Металург, Филип Кузмановски и летечкото крило од Вардар, Тимур Дибиров се избрани во најдобриот тим на СЕХА за месец февруари.

- Иако не беше прв пик на Червар во оваа сезона тој успеа да стане клучен играч во Металург на 21 година. Лидер во мечевите против Загреб и Горење, - се вели во објаснувањето за Кузмановски за изборот на најдобар среден бек.

- Осум голови за да се обезбеди билетотот за фајнал форот во Велење и шест против Нексе за продолжување на добрата серија на најдоброто лево крило во лигата во изминативе години, - се вели во објаснувањето за Дибиров.



Спонозорирани линкови

Маркетинг