Бруно Марс со ново видео за песната “That’s What I Like”

Точка

02/03/2017

13:52

3388

Големина на фонт

а а а

Бруно Марс не престанува да изненадува со нови песни, а многумина веќе го нарекуваат и новиот Мајкл Џексон.

Едноставно, тој поседува сè – има одличен глас, свири неколку инструменти и е вистински шоумен, кога станува збор за неговите live настапи.

Бруно, своите фанови ги израдува и со новиот спот за песната “That’s What I Like”, за која сме сигурни дека за брзо време ќе го достигне врвот на светските топ-листи.


Во видеото се појавува само Бруно, кој ги покажува своите танцувачки способности, а неговите потези ги “следат” симпатични анимации.

“That’s What I Like” е дел од третиот студиски албум на Бруно Марс, со наслов “24K Magic”, кој беше издаден во ноември, 2016. година.





Спонозорирани линкови

Маркетинг