Брадавиците на Рејчел беа вистинската ѕвезда и "седмиот пријател" во популарната серија - но зошто?

Точка

02/03/2017

11:52

6.624

Големина на фонт

а а а

Кога Џенифер Анистон била побарана на аудиција за комедијата "Friends", тоа било за улогата на Моника Гелер - која подоцна ја толкуваше Кортни Кокс. Џенифер веднаш ја одбила понудата бидејќи сакала да дојде на аудиција за улогата на размазената и наивна Рејчел Грин.

Нејзиното портретирање на Рејчел ја направи миленичка на Америка. Нејзиното лице се најде на речиси секое можно списание и магазин во Америка и ширум светот со разни озобрувања околу тоа со кого се гледа и што прави во приватниот живот - накратко, Рејчел Грин ја направи Анистон популарна.


Но постои уште еден детаљ кој ја направи Рејчел ушт попопуларна во текот на годините на снимањето на оваа фантастична серија. Секогаш нагласените брадавици - во секоја епизода, секој аутфит - секогаш.


Сите знаеме дека кога на луѓето (особено жените) им е студено, нивните брадавици се стврднуваат. Но постојано ли било студено за време на снимањето на "Friends" ??!!


Ниту актерката, а ниту продуцентите на оваа серија никогаш не ја објаснија причината зад брадавиците. Не мислиме дека ги нагласувала со цел да привлече гледачи од машката популација бидејќи шоуто беше навистина смешно и спектакуларно па не веруваме дека му бил потребен овој вид на внимание.


Постојат различни теории за поранешната сопруга на Бред Пит, околу тоа зошто толку многу ги истакнувала брадавиците. Една од нив е дека продуцентите и' исекле дупчиња на градникот за ликот "Рејчел" совршено да се вклопи во нивната фантазија. Друга теорија е дека Анистон едноставно сакала да ги истакнува своите брадавици - додека пак трети се соменваат дека таа користела вештачки брадавици за да го постигне овој ефект - постојано.


Една личност која се осмели да го постави ова прашање, е нејзиниот близок пријател и комичар - Челси Хендлер.

"Кога ќе се појавеше Рејчел на шоуто, нејзините брадавици секогаш беа многу, многу изразени. Не денес, денес не можам да ги видам, ох, уствари можам!" - изјавил тој за време на интервјуто.


Џенифер само се насмеала, климнала со главата и му вратила "О, Боже"... и тука завршила дискусијата на оваа мистериозна тема, па ние се уште сме во мрак околу вистинската причина.

Како и да е, уживајте уште еднаш во фотографиите од серијата и брадавиците на Рејчел.










Спонзорирани линкови

Маркетинг