Дурент ќе се врати за плејофот

Макфакс

02/03/2017

11:45

571

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт Вориорс со соопштение ја извести јавноста за степенот на повредата со која се здоби Кевин Дурент на натпреварот во Вашингтон. По се изгледа крилниот играч ќе биде подготвен да му помогне на тимот во плејофот.

Кевин Дурент се повреди во Вашингтон, кога врз неговото лево колено падна соиграчот Заза Пачулија. Најдобриот стрелец на Вориорс сезонава, на тој меч одигра само две минути, а во клубот стравуваа дека повредата е тешка и дека ќе го оддалечи од терените најмалку шест месеци.

По направените деталини прегледи, вклучувајќи ја и магнетната резонанца, клубот соопшто дека Дурент има истегнување на внатрешниот колатерален лигамент на коленото и полесна повреда на потколеницата.

Во соопштението клубот не наведува колку ќе паузира Дурент, туку само соопшти дека наредната контрола му е закажана за четири недели.

Ова значи дека Дурент во тимот треба да се врати во финишот на сезоната, односно дека ќе биде подготвен за плејофот.


Спонозорирани линкови

Маркетинг