Храброто признание на славната Опра поради кое многумина ќе ја подигнат веѓата во неодобрување

Точка

02/03/2017

11:09

4.721

Големина на фонт

а а а

Опра Винфри објасни уште еднаш зошто никогаш не добија дете со нејзиниот партнер Стедман Греам.

Веројатно на Опра Винфри веќе и' здодеаа прашањата за мајчинство и зошто никогаш не се одлучи да стане мајка. Жената реално - има се. Одлична кариера, пари, долгогодишен партнер, но не и деца во оваа сложувалка. Па за изданието на магазинот Good Housekeeping U.K. ја објаснила уште еднаш својата одлука.


Славната ѕвезда ја основаше академијата за девојки "Oprah Winfrey Leadership Academy for Girls" - интернат во Јужна Африка кој се отвори во 2007-ма година и претставува дом на 172 девојки. Овој проект прави да се чувствува дека веќе има деца иако не се нејзини. "Ова е подобро отколку што замислував. Го направив за да им помогнам, но тоа донесе светлина во мојот живот која не можам да ја објаснам со зборови..."

"Кога луѓето ми вршеа притисок да се омажам и да станам мајка, знаев дека никогаш нема да зажалам што немам деца, бидејќи се чувствувам како мајка на сите деца низ светот", зборува Опра. "Љубовта нема граници. Не е важно дали тоа дете ви излегло од утробата или сте го сретнале кога имало две, десет или дваесет години. Ако љубовта е реална, а грижата за нив чиста и квалитетна - тоа функционира сосема добро".

Објаснила и зошто самата смета дека би била лоша мајка. "Не сакав деца бидејќи нема да им бидам добра мајка на тие деца. Немам трпение", заклучила Винфри. На сето ова се согласил и нејзиниот партнер Стедман Греам, со кој е заедно од 1986-та година. Живеат заедно во луксузна палата и имаат кучиња. Како што вели Опра и двајцата уживат во ваквиот живот.

Таа исто така изгубила премногу од својата тежина, па сега се чувствува многу послободно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.