НБА: Нов блесок на Јокиќ, пораз на Кливленд

Макфакс

02/03/2017

10:50

440

Големина на фонт

а а а

Српскиот центар Никола Јокиќ забележа уште еден трипл дабл со кој го предводеше Денвер до победа во Милвоки. Двоцифрени бројки во три статистички категории имаше и Леброн Џејмс, но неговиот Кливленд загуби во Бостон.

Никола Јокиќ, кој ја игра својата втора НБА сезона, сериозно ја истакнува кандидатурата за наградата „Играч кој најмногу напредувал во една сезона“. Против Милвоки Јокиќ го забележа вториот трипл дабл на последните два натпревари, вкупно четврти во сезоната.

Јокиќ забележа 13 поени, 14 скокови и 10 асистенции во победата на Денвер 110:98. Најефикасен во редовите на Денвер беше Данило Галинари со 22 поени, додека на спортивната страна поен помалку постигна Крис Мидлтон.



Дербито на Истоток се одигра во Бостон каде домаќинот предводен од Ајзеа Томас (31 поен) го совлада актуелниот шампион Кливленд 103:99.

Кливленд со трипл дабл го предводеше Леброн Џејмс (28 поени, 13 скокови, 10 асистенции).



Орландо – Њујорк 90:101
Атланта – Далас 100:95
Мајами – Филаделфија 125:98
Торонто – Вашингтон 96:105
Бостон – Кливленд 103:99
Милвоки – Денвер 98:110
Њуорленс – Детроит 109:86
Сан Антонио – Индијана 100:99
Јута – Минесота 80:107
ЛА Клиперс – Хјустон 103:122
Сакраменто – Бруклин 100:109.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.