Дизни за прв пат во цртан филм прикажа геј бакнежи

Точка

01/03/2017

19:59

2998

Големина на фонт

а а а

Дизни за прв пат во некој свој цртан филм вклучил и истополови парови. Неодамна во нивниот цртан филм "Star vs. the Forces of Evil" била прикажана сцена во која се бакнуваат повеќе парови, а меѓу нив имало и истополови парови.


Гледачите често го критикуваа Дизни поради игнорирањето на истополови парови во цртаните филмови, по што во неколку филмови како "Luck Charlie" и "Gravity Falls" можеа да се видат хомосексуални парови, но ова е прв пат Дизни да прикаже јавен исказ на истополова љубов.



Неодамна се шпекулираше и за лезбејски пар во цртаниот филм „Finding Dory“, а на социјалните мрежи дури беше покрената акција за Елса од цртаниот филм „Frozen” да добие девојка во следното продолжение.


Спонозорирани линкови

Маркетинг