10-те најдобри филмови за наредниот месец: Wolverine's Last Stand, Trainspotting, Kong: Skull Island (ВТОР ДЕЛ)

Точка

01/03/2017

17:03

2496

Големина на фонт

а а а

Еве кои се филмски остварувања ќе можеме да гледаме во март..

Power Rangers (24-ти март)

Тинејџерските херои од сабота наутро на телевизиските канали ќе го добијат истиот третман како Трансформерс со овој високобуџетен филм полн со ефекти. Песната останува иста: Збирштина средношколци ќе се сопнат на мистичен артефакт во скриена пештера. Одеднаш ќе се наполнат со енергија и БАААМ - стануваар ренџери. Овие деца исто така ќе се соочат со сериозна закана кога ќе се сретнат со acid-кралицата Рита Репулса, но ќе им помогне паметниот Зордон. Не би било тоа-тоа ниту без барем едно формирање на силниот Мегазорд.



Personal Shopper (10-ти март)

Кристен Стујарт беше на Канскиот фестивал минатиот мај за нејзината улога како Морин, младата жена која се обидува да се соочи со смртта на нејзиниот брат. Помеѓу задачите за прима дона која премногу бара, таа се справува и со смс пораки од непознат извор и чувствува морничаво присуство кое се припива до неа. Повтoрната соработка со Францускиот Оливиер Асајас по сензационалниот филм Clouds of Sils Maria (2014), Кристен продолжува да се движи што подалеку од годините на "Самрак" и директно во уметноста од А категорија. Како и самиот филм, таа е привлечна, мистериозна и мистична.



Raw (10-ти март)

Неколку гледачи од присутните на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, за време на прикажувањето на хорор филмот на Јулија Дукорно, мораа да бидат изнесени надвор на носилки. Но еј - графички прикази од канибализам не се за секого, нели? Во овој ѓаволски Француско-белгиски филм, студентка вегетаријанец насилно го хранат со месо како дел од ритуалот за иницијација - таа не само што ќе развие вкус за оваа храна, но ќе започне да и се допаѓа и вкусот на филети од хомо сапиенс. Колку што се интензивни овие крвави и одбивни сцени - толлу интензивни се и емоциите зад нив.



Song to Song (17-ти март)

Руни Мара, Рајан Гослин, Натали Портман и Мајкл Фасбендер - сите играат лик вклучен во музичката сцена во Остин - како што секој од нивните животи се пресекува со вообичаената космичка милост на директорот Теренс Малик. Вклучувајќи ја снимката снимена во 2012-та година за време на музичкиот фестивал Austin City Limits, филмот има широк спектар од реални сцени и чинови ..



T2: Trainspotting (17-ти март)

Изненадување: после две децении, вашите бунтовници Рентон, Спад, Сик Бој и Беџби се сеуште живи и мрдаат. Филмот на Дени Бојл која ја дефинираше нашата ера конечно го доби своето продолжение - со оригиналната актерска екипа, од Еван МекГрегор па натаму сите се враќаат во реприза на својата улога. Со неколку исклучоци, поранешните лоши копилиња полека започнуваат да си доаѓаат на себе и да подсозреваат, па овој филм ги прикажува како ги истражуваат своите животи и се прашуваат што имаат направено добро во животот. Одбери стабилност. Одбери живот. Одбери го продолжението на филмот кој ни предизвикуваше носталгија две децении.



Спонозорирани линкови

Маркетинг