Торо Росо нема да протестира за суспензијата

КРУГ.МК

01/03/2017

19:00

860

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на Торо Росо, Франц Тост, објави дека неговата екипа нема да протестира на “нелегалната“ суспензија на Мерцедеси Ред Бул.

Ферари побара толкување на ФИА во однос на она што е дозволено да се прави со суспензијата, но откако добија одговор и не беа задоволни од истиот, ја оставија можноста за официјална жалба пред Австралиското ГП.

„Наша филозофија не е да протестираме против било која екипа. Ние се бориме на патеката, ние се тркаме, не се бориме на маса. Нашата суспензија е во согласност со правилата затоа што не е воопшто сложена како некоја од конкурентските и поради тоа сме 100% сигурни во тоа што го имаме“.

За суспензијата имаше што да каже и Џејмс Кеј, техничкиот директор на тимот од Фаенца.

„Таа тема е “врел костен“ во моментов и се зависи од начинот на кој ќе се интерпретираат правилата. Да оставиме да видиме како ќе се одвива се затоа што во моментов се водат многу дискусии“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг