Саинз охрабрен од сличностите со Мерцедес

КРУГ.МК

01/03/2017

16:34

691

Големина на фонт

а а а

Карлос Саинз вели дека е охрабрен од неговата екипа и изработката на болид кој е прилично сличен со тој на победничкиот Мерцедес.

Торо Росо е последниот тим кој го промовираше болидот во Барселона, а СТР12 има предна суспензија, странични отвори и преден нос слични на Мерцедес. По изненадувањата во одделот за аеродинамика кои ги претстави тимот од Фаенза изминативе неколку години, Саинз вели дека сличностите со Мерцедес се показател дека тимот може да изненади годинава.

„Прво морам да го пробам и да го споредам со останатите на патеката, но болидот изгледа слично на тој кој победува на секоја трка, така што тоа ми влева самодоверба.

Мислам дека Торо Росо може да има самодоверба бидејќи ако нешто видовме последните неколку години, тоа е добрата аеродинамика. Со сите овие нови регулативи сметам дека тимот може да создаде солидна основа. Најверојатно нема да го освоиме првенството, ниту целам кон тоа, но средство кое ќе ни овозможи да бидеме во топ 10, тоа е нешто на што се надевам и што го очекувам.

Ќе има дополнителен прогрес. Оваа година знам дека ќе има голем развој и се надевам дека ќе успееме во тоа без проблеми“, изјави Саинз.

Сличностите со Мерцедес се коинциденција

Техничкиот директор, Џејмс Кеј, вели дека иако постојат сличности со Мерцедес кои може да се оценат како позитивни, сепак е разочарувачки што тие не се единствените кои понудија такви решенија.

„Од една страна бевме задоволни што и некој друг промовираше иста насока, но од друга страна бевме разочарани што ние не бевме единствените кои ги осмислиле тие решенија. Но ќе видиме. Постојат многу различни концепти. Тоа е очигледно.

Погледнав на Мерцедес и си реков “О, супер, ја имаат нашата предна суспензија“. Повеќето луѓе ќе кажат дека ние сме ги копирале нив. Носот е сличен, страничните отвори се слични. Но се е коинциденција.

Одлуките беа донесени од нашиот оддел за аеродинамика, кои разгледуваа различни опции. Поинаков пристап е од претходните неколку години. Гледајќи на повеќето опции, тесниот нос е дел од нашата филозофија моментално. Ќе видиме како ќе се развиваат нештата“, изјави Кеј.


Спонозорирани линкови

Маркетинг