Пред два дена пред сите разменувале нежности, а сега објавиле дека раскинале

Точка

01/03/2017

15:19

4000

Големина на фонт

а а а

Кејти Пери и Орландо Блум раскинале по една година забавување.

Портпаролот на славниот пар ја потврдил оваа вест за US Weekly вчера, само два дена откако заедно се појавиле на забавата пред доделувањата на Оскарите.


"Пред гласините и лажните приказни да излезат од контрола, објавуваме дека Орландо и Кејти повеќе не се заедно", стои во соопштението.


32-годишната пејачка и 40-годишниот актер се забавувале повеќе од една година, а нивните последни заеднички фотографии, од забавата во неделата, не укажувале на проблеми во нивната врска. Врската ја обележале и скандалозни фотографии од нивниот летен одмор во Италија, на кои Орландо бил фатен целосно гол.


Славниот актер бил оженет со австралиската манекенка Миранда Кер од 2010-тата до 2013-тата година, и со неа го има 6-годишниот син Флин. Кејти била омажена за комичарот Расел Бренд од 2010-тата до 2012-тата година.



Спонозорирани линкови

Маркетинг