Момчето од „Два и пол мажи“ денес има 23 години и изгледа непрепознатливо

Точка

01/03/2017

17:10

5455

Големина на фонт

а а а

Џоунс пуштил брада и коса, а пред три години се обрати во јавноста во видео во кое тврдеше дека серијата која го прослави е лоша и ги повика гледачите да ја бојкотираат.

Ангус Т. Џоунс (23) го паметиме како симпатичното момче Џејк Харпер од хумористичната серија „Два и пол мажи“. Во актерските води запливал кога имал само 10 години и за седум години станал најплатената детска телевизиска ѕвезда. Сепак, Ангус одлучил да направи пресврт во кариерата.


Тој пуштил брада и коса и ретко се појавува во јавноста. Иако изјави дека повеќе нема да се занимава со глума, Ангус минатата година сепак се појави во телевизиската серија „Horace and Pete” во која имаше помала улога.


На социјалните мрежи Ангус често пишува за Бог.

Пред три години се обрати во јавноста во видео во кое тврдеше дека серијата која го направи славен е многу лоша.



„Глумам во таа серија, но не сакам да бидам во неа. Ве молам престанете да ја гледате и да ја полните главата со глупости“, рекол младиот актер и додал дека во се` е вмешан Сатаната.


„Не можам да бидам Божји човек и да глумам во таква серија. Тоа нема врска со она што не` учи Библијата“, рекол Ангус кој некогаш уживал во дрогата, а потоа спасот го пронашол во Бог.




Спонозорирани линкови

Маркетинг