Најсофистицираната бизнис лимузина во светот ја доживеа својата македонска премиера во Скопjе

Точка

01/03/2017

15:01

6.443

Големина на фонт

а а а

Еден од најочекуваните луксузни модели на автомобили за оваа година, сосема новиот BMW Серија 5 ја доживеа својата македонска премиера во Скопjе.

Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави седмата генерација на најпродаваната бизнис лимузина во својот сегмент, BMW Серија 5.

Присутните имаа можност да се уверат зошто седмата генерација BMW Серија 5 важи за еден од најиновативните и најпрогресивните автомобили во светот. Софистициран, лесен и аеродинамичен, со луксузен екстериер и ентериер, автомобил наменет за успешни, деловни луѓе кои ја сакаат страста и динамичниот живот, со високи стандарди кои ретко кој друг автомобил во неговата класа може да ги задоволи.


“Минатата година BMW прослави 100 години од своето постоење, најавувајќи притоа дека во следните 100 години ќе продолжи со иновациите, и ќе се труди во секоја класа постојано да ги подигнува стандардите. На наша голема радост веќе на почетокот на оваа година ја имаме седмата генерација на премиум бизнис седанот на BMW Серија 5, модел кој се наметнува со својата спортска но елегантна и стилска фигура. Иновативен, динамичен, со атлетска градба и софистициран бизнис изглед, создаден од најдобрите материјали за комодитет, новиот BMW Серија 5 уште повеќе го нагласува чувството на луксуз”, изјави Александар Ордевски на официјалната промоција.

Новиот BMW Серија 5 е најпрогресивниот премиум спортски бизнис седан. Токму затоа го нарекуваат вистински Бизнис Атлет.


Седмата генерација BMW Серија 5 ги има сите алатки потребни да се продолжи со извонредниот успех постигнат со неговите претходници. Досега се продадени 7,6 милиони BMW Серија 5 автомобили, од првите шест генерации, а само предходната генерација F10, е продадена во импресивни 2,4 милиони автомобили, со што значително се одвојува од своите најголеми конкуренти. Новиот миленик, BMW Серија 5 има импресивна аеродинамика со коефициент на отпор на воздух од само 0,22, прецизен дизајн се до најмалите детали кои допринесуваат за динамичен изглед и спортски дух до совршенство. Во него се вградени иновативни, дигитални можности кои го прават автомобилот мобилна канцеларија од висока класа. Има дисплеј со широк спектар на бои кои овозможува јасна прегледност и дефинирано задоволство при возењето со прогресивен Driver Assistance System за помош на возачот. Автомобилот располага со персонализирани содржини за динамична интеракција, преку екран на допир, гласовен асистент и сензор за препознавање на движењата. Во однос на неговиот предходник, автомобилот има намалена потрошувачка до 12%, фасцинатна моќност на моторот и намалена телесна тежина до 100 кг, за ултимативно атлетско движење што овозможува подобрено управување и уште поголема агилност на патиштата.





Спонзорирани линкови

Маркетинг