Внимавајте – грејпфрутот во комбинација со лекови може да биде смртоносен!

Точка

01/03/2017

14:35

3.367

Големина на фонт

а а а

Доколку внесувате лекови за намалување на притисокот, антидепресиви, лекови за лечење на ракот или антибиотици, исфрлете го грејпфрутот од Вашето секојдневно мени - предупредуваат канадските експерти од универзитетот Онтарио.

Грејпфрутот содржи состојка наречена furanocoumarin, која спречува ензимите да го разложат лекот во цревата, поради кое доаѓа до удвојување на истиот. Последиците од пиењето сок или јадењето грејпфрут во комбинација со овие лекови вклучуваат внатрешно крварење, промена на срцевиот ритам, оштетување на бубрезите и ненадејна смрт.


На листата се најдоа повеќе од 85 лекови, од кои 43 може да предизвикаат смртоносни последици.

“Една таблета со чаша сок од грејпфрут може да биде еднаква на десет таблети со чаша вода. Луѓето не веруваат кога ќе го чујат тоа, но таквата терапија е отров само поради сокот кој го консумирате” – вели одговорниот за ова истражување, др. David Bailey.

Тој и неговиот тим откриле дека слично влијание врз организмот и апсорпцијата на лекови имаат и лиметата и портокалот од сортата Sevilla.


Спонозорирани линкови

Маркетинг