Ed Sheeran ги изненади фановите со нова песна

Точка

01/03/2017

14:09

2000

Големина на фонт

а а а

По повод 10-годишнината на музичката онлајн телевизија, SB.TV, Ed Sheeran ги почести своите фанови со уште една нова песна.

Имено, оваа телевизија му е повеќе од драга на Ed, бидејќи тој за прв пат во својата кариера настапувал токму тука, со песната “You Need Me, I Don’t Need You”.

И додека неговите фанови го чекаат новиот албум “Divide”, чие излегување е закажано за 3-ти март, Ed Sheeran одлучи да им ги скрати маките и да им го сврти вниманието со live-настапот на песната “Eraser”.

„Здраво, 2017 година. Претстојниов период работев напорно на новиот материјал и се надевам дека ќе бидете возбудени за истото колку што сум и јас возбуден. Вистински сакав да ги покажам двете различни страни на мојата музика околу која сум подеднакво страствен и затоа сакав да објавам две песни во исто време. Исто така, неверојатно сум возбуден затоа што се враќам на музиката“ - изјави Ed за двата нови синглови, Shape of You и Castle on the Hill.

Само една недела по објавувањето на сингловите, Sheeran е на врвот од повеќето светски топ листи, а останува да видиме какви хитови допрва нè очекуваат со новиот, трет по ред студиски албум.



Спонозорирани линкови

Маркетинг