МЗТ се ослободи и од вториот Британец

Дерби

01/03/2017

12:53

611

Големина на фонт

а а а

Екипата на МЗТ Скопје во продолжението на оваа сезона нема да има играчи од Велика Британија.

Пред неколку дена предвреме својот престој во Скопје го заврши Девон ван Острум и тоа поради повреда на лигаментите на коленото за која беше потребна операција која реши да ја изврши во Лондон.

Денеска пак од металците дојде вест дека спогодбена е раскината соработката и со Даниел Кларк. Тој во таборот на МЗТ дојде на кон крајот на октомври минатата година како замена за Џеремаја Мејси и во сино-белиот дрес одигра 15 средби во АБА-лигата со просек 8,5 поени и 4,2 скока како и еден меч во Купот на Македонија, во полуфиналната елиминација од Фени индустри.

„Штрковите“ му се заблагодарија за прикажаното и му посакаа се најдобро во понатамошната кариера.


Спонозорирани линкови

Маркетинг