Ѓоковиќ и Надал со импресивни потези и поени ги заокружија победите во Акапулко

Дерби

01/03/2017

12:09

797

Големина на фонт

а а а

Првиот и вториот носител на АТП турнирот од серијата 500 во Акапулко, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал со чисти 2-0 ги минаа првите пречки во Мексико.

Во своето деби на овој турнир Ѓоковиќ го победи Мартин Клижан со 6-3, 7-6(4) за нешто повеќе од 90 минути игра. Србинот не блескаше во својот прв настап на турнирите по Австралија Опен, но не дозволи изненадување и обезбеди осминафинале каде ќе се сретне со Хуан Мартин Дел Потро.

Надал исто така немаше проблеми и со 6-4, 6-3 за 76 минути го доби Миша Зверев. Во двата сета направи по еден брејк, во првиот тоа го направи во десеттиот гејм, а пак во вториот во четвртиот гејм.

Следен ривал на Шпанецот кој ја брка третата титула во Акапулко му е Паоло Лоренци од Италија.

Инаку она што е интересно и заеднично за Ноле и Рафа од првите мечеви е тоа што истите ги заокружија на фантастичен начин, со одлични поени и потези. Ѓоковиќ тоа го направи за победа, додека бикот од Мајорка на почетокот на следниот решавачки гејм.





Спонозорирани линкови

Маркетинг