Селин Дион ги лансираше чантите со нејзин потпис

Fashionel.mk

01/03/2017

11:18

1.893

Големина на фонт

а а а

Во јуни минатата година пејачката Селин Дион најави дека ќе покрене свој бренд, кој ќе се состои од повеќе сегменти – облека, модни додатоци, козметика, мебел...

Тоа конечно се реализираше. Дион неодамна во Лас Вегас ја лансираше колекцијата модни додатоци, со што и официјално започна оваа приказна.


Селин одбра тоа да бидат чанти и тоа селектиран избор од околу 70. Инаку, колекцијата брои вкупно 200 парчиња вклучувајќи и ранчиња, клач чанти, паричници, како и модни додатоци за телефон.

Инаку, секоја чанта во внатрешноста има визуелна репрезентација на амплитудата на нејзиниот глас, што исто така се најде како дизајн на подот за време на настанот.


- Инспирацијата дојде од глобалните модни трендови и е дизајните дојдоа како резултат на многу луѓе што ги имав на ум – мајка ми, себе, бизнис жените. Сакав да создадам функционална, практична и шик колекција, која е изработена од микс на кожи во соработка го „Бугати Груп“. Тие беа одлични слушатели. Да бидам искрена, ги запознав првпат, но навистина ги исполнија сите мои очекувања. Убаво е кога луѓето се запознаваат и не сакам да кажам дека тоа беше љубов на прв поглед, туку партнерство – изјави Дион.

Пејачката не ја пропушти шансата и да му се заблагодари на Лоу Роач, нејзиниот стилист кој успеа сосема да го трансформира нејзиниот стил на најдобар можен начин.


Така беше и овој пат, облекувајќи ја во креација на Скјапарели и тоа од пролетната колекција за Висока мода.

Инаку, цената на модните додатоци се движи од 78 до 1.998 долари. Колекцијата нема да биде официјално достапна до септеври, но ќе биде достапна на нејзината веб страна и тоа од денес.


Сите парчиња ќе бидат групирани во четири мини-колекции – Cavatina, Vibrato, Octave, Pizzicate.






Спонозорирани линкови

Маркетинг