Фотографијата која го запали Фејсбук: Во светот даваат по 2.515 евра за овој фустан, а нашите баби постојано го носат

Точка

01/03/2017

11:08

9.727

Големина на фонт

а а а

Фустаните со цветни дезени кои и ден денес ги носат нашите баби, а во осумдесеттите години биле хит во Југославија, денес се продаваат за повеќе од 2.000 евра.

Всушност, неодамна на интернет започна да кружи фотографија која го насмеа целиот регион. На неа можеме да видиме две баби и една манекенка, кои се облечени во истиот фустан со цветен дезен.


Ништо не би било чудно, фустаните кои ги носат бабите да се купени некаде на пазар. И тие не ги соблекуваат каде и да одат - на пазар, на нива, на гости, на кафе кај соседката .. а најверојатно не го платиле повеќе од 1.000 денари, додека фустанот кој го носи манекенката е од познатиот моден бренд "Ив Сен Лорен" и чини неверојатни 2.515 евра.



Модата се менува, стилот е вечен!


Спонзорирани линкови

Маркетинг