„Moonlight”: Дознајте сè за најдобриот филм на годината!

Точка

28/02/2017

21:01

4.296

Големина на фонт

а а а

Ви ја претставуваме трогателната и сурова приказна која беше наградена со три Оскари!

„Месечина“(Moonlight) е филмот кој го освои Оскарот за најдобар филм на годината, на доделувањето кое го одбележа скандал со прогласување на погрешен победник.


Филмот на Бери Џенкинс е заснован на претставата на Тарел Алвин Мекрени „На месечината сите црни момчиња изгледаат сино“. Адаптираното сценарио исто така беше наградено со Оскар.


Приказната го следи Шајрон, афро-американско момче родено во „погрешниот“ крај на Мајами. Низ три поглавја од неговиот живот, публиката дознава како изгледа кога црно момче расте опкружено со дилери и насилство, но исто така и прогонувано од сопствените мисли.


Мајката на Шајрон е зависничка од дрога, тој е отфрлен од страна на заедницата, а единствениот „пријател“ му е локален дилер (Махершала Али, награден со Оскар за најдобра машка споредна улога). Освен тоа, Шајрон не е сигурен дали е хомосексуалец или не, во тинејџерските години ја доживува и првата љубов и насилство, а третиот дел од филмот се занимава со неговиот „успех“ во светот на криминалот.



Шајрон го глумат Алекс Хиберт, Ештон Сандерс и Тревант Роудс, а останатите улоги ги толкуваат Жанел Монеј, Андре Холанд, Наоми Харис и други.


Спонозорирани линкови

Маркетинг