Овој зеленчук е прочистувач на организмот: Жените би требало да го јадат секој ден, бидејќи подмладува одвнатре!

Точка

28/02/2017

19:28

4.054

Големина на фонт

а а а

Помага во борбата против стареење, но и против алергии, настинки и инфекции.

Свежиот сок добиен од ротквици е стар народен лек, а помага при излачување на жолчката и е многу добар за лекување на воспаление на жолчното ќесе.

Ротквиците исто така добро влијаат и на излачување на слуз од дишните органи, па се препорачуваат за бронхитис, настинка, грип, респираторни инфекции и кашлица.

Ротквицата е со потекло од Азија и е една од најстарите култивирани растенија во светот. Таа дури се наоѓа на цртежите на гробниците на старите Египќани, кои ја сметале за чудотворно растение. Таа е многу распространета во светот, а се користи како салата, зачин или лек.


Црна ротквица

Црната ротквица поради мирисот и вкусот претежно се користи во исхраната како средство кое го поттикнува апетитот. Најчесто се конзумира во вид на салата, сама или измешана со јаболко, маслинки, кисели краставички, со маслиново масло и кисело млеко...

Црната ротквица се препорачува и кај респираторни заболувања и кашлица. За да се добие посакуваниот ефект, коренот од црна ротквица заедно со кората треба да се исече на тенки парчиња и да се намести по слоеви во чинијата.

Бела ротквица

Јапонците ја нарекуваат „чистач на телото“, претставува активен диуретик кој го топи песокот и каменот, помага во варењето на мастите, го смирува бронхитисот и ја отстранува кашлицата, а исто така ја стимулира и работата на жолчката. За жените ротквицата е од голема важност, бидејќи ги задоволува потребите на организмот за минерали и ензими и на тој начин влијае на подмладување.


Без сол

Важно е да знаете дека ротквицата во било која форма не треба да ја солите, бидејќи тогаш станува штетна. Ротквицата треба да се јаде свежо подготвена, бидејќи ако отстои ќе го изгуби мирисот, вкусот и лековитите својства, а ослободува токсични состојки.


Спонозорирани линкови

Маркетинг