Запознајте ги австралиските Кардашијанки: Холи и Ели се најсексипилните сурферки во светот

Точка

28/02/2017

22:00

7.400

Големина на фонт

а а а

Овие две сестри од Австралија моментално се најголем хит на Инстаграм. Причината за тоа е очигледна – се фотографираат на најубавите плажи, одлично сурфаат, а толку се атрактивни што ги нарекуваат „Кардашијанките во сурферскиот свет“.

Сестрите Ели Џин (22) и Холи Дејз Кофи (17) ги следат повеќе од милион луѓе на Инстаграм. Оваа недела фановите ќе имаат шанса да ги гледаат и во живо на натпреварувањето во сурфање „Australia open“ за кое добиле специјална покана од организаторот.


Споредбата со славните ријалити сестри од другата страна на океанот им се допаѓа, бидејќи и самите се апсолутни фанови на Ким Кардашијан, но и членови на многубројно и атрактивно семејство како што е Кардашијан.

„Очигледно е дека не` споредуваат поради семејството. Очигледно е и дека ние сме талентирани, но не и неверојатно богати“, објаснила Ешли низ насмевка.

Ели е најстарата во семејството Кофи кое го сочинуваат и нејзиниот брат Џексон (21), сестрите Хили Дејз (17), Руби Ли (16) и Бони Лоу (13).


Ако атрактивноста им е заедничка карактеристика, една работа значително ги разликува од семејството Кардашијан. Кофиеви пораснале во караван, всушност во приколка за кампување, но не поради тешката материјална состојба, како што можеби се чини на прв поглед.


Одлуката да се преселат во караван и да започнат авантуристички живот ја донел нивниот татко Џејсон, откако нивната мајка Ким доживеала несреќа во која тешко го повредила вратот. Џејсон сметал дека на неговото семејство му е потребна промена и сакал на своите деца да им го пружи „најдобриот живот кој можат да го имаат“.


Тогаш Кофиеви ги спакувале куферите и го напуштиле Сиднеј, а нивна адреса станале бајковити плажи и бранови на источниот брег. Во караван живеат веќе десет години, а сите членови на кланот се школувале дома. Тие се на сурферската штица практично од мали нозе.

„Не живеевме во палата, но сепак беше забавно“, вели Холи.


Иако нивните животи не личат на животите на обични тинејџери, девојките имале профили на социјалните мрежи како и нивните врсници. Кога почнале да ги објавуваат своите авантури на Инстаграм, бројот на следбеници почнал да расте.


Спонзорирани линкови

Маркетинг