Денес се модни икони, но дали отсекогаш имале добар моден вкус? Старите фотографии ќе ни откријат!

Точка

28/02/2017

18:53

4.704

Големина на фонт

а а а

Доделувањето на Оскарите оваа година ни донесе фантастични тоалети, бидејќи оваа традиционална манифестација и модата одат во пар веќе со децении. А, како што спектаклот стануваше сè погламурозен, така и неговите гостинки стануваа сè поубави и сè подобро облечени.

Низ мал времеплов низ доделувањето на Оскарите нè водат Хајди Клум, Кејт Босворт, Шарлиз Терон, Софија Вергара и Кристен Данст.

Модната ѕвезда Хајди Клум е честа гостинка на Оскарите. На церемонијата во 2008 година се појавила облечена во фустан во дречлива црвена боја со многу разигран крој.


Хајди изгледа одлично, па нејзината атрактивност успева да дојде до израз и во ваква облека.


Петкратната мајка се појавила на забавата која пред една вечер, по доделувањето на Оскарите, ја организирал магазинот „Венити Фер“ и нејзината тоалета покажала дека годините манекенство кои ја вивнаа Хајди во светскиот врв, не биле залудни. Таа одлично ја познава модата!

Кејт Босворт има одличен стил. На забавата на „Венити Фер“ во 2013 година во Лос Анџелес се прошетала во одлична модна комбинација.


А, потоа, на овогодинешниот прием на „Венити Фер“ се победила самата себе. Актерката била една од најдобро облечените гостинки.


Софија Вергара секогаш изгледала атрактивно, но не секогаш била добро стилизирана. Без оглед на трендовите кои владееле тогаш, колумбиската актерка во 2012 година на доделувањето на Оскарите се појавила во тоалета која не била најдобриот моден избор.


Но, тоалетата која ја претстави на забавата организирана пред една вечер во Лос Анџелес беше најдоброто модно решение!


Заносната Шарлиз Терон во 2010 година на церемонијата на Оскарите била ужасен моден хаос. Оттогаш поминаа седум години, а русокосата убавица пред два дена на доделувањето на златните статуетки ни се претстави во беспрекорна тоалета.


Овие ѕвезди знаеле да го искористат времето и нивните трансформации не се завршени.



Спонозорирани линкови

Маркетинг