10-те најдобри филмови за наредниот месец: Wolverine's Last Stand, Trainspotting, Kong: Skull Island (ПРВ ДЕЛ)

Точка

28/02/2017

17:00

3424

Големина на фонт

а а а

Еве кои се филмски остварувања ќе можеме да гледаме во март..

Блокбастер сезоната започнува се порано и порано секоја година. Следат многу забавни продолженија на нашите омилени филмови како и нови филмски остварувања. Logan, Kong: Skull Island, Power Rangers и Ghost in the Shell прават громогласен старт.

Во меѓувреме, оние кои се во потрага по помирни филмчиња можат да уживаат во најновата драма на Теренс Малик. Еве што би требало да погледнете во текот на следниот месец.

Beauty and the Beast (17-ти март)

Приказна стара колку и времето, песна стара колку и римата.. Но на кого нема да му дојде добро едно слатко потсетување од нашата омилена бајка од детството? Ема Ватсон ја толкува убавицата Бел во оваа филм-акција од славната романтична бајка на Дизни, заедно со Ден Стивенс кој е речиси непрепознатлив во улогата на Ѕверот. Нив, секако, ги придружуваат и цела плејада на распеан кујнски прибор и апарати. Останува на режисерите да ја доловат истата магија од цртаниот филм на Дизни.



Ghost in the Shell (31-ви март)

Имајќи глумено вонземјанин (во Under the Skin) и сетилен компјутерски програм (во Her), автомат кој се бори против криминалот всушност и беше следниот логичен чекор во кариерата на Скарлет Јохансон. Во овој римејк од популарното "аниме", таа го претставува Мајор Мотоко Кусанаги, полициски офицер кој го чува футуристичкиот Токио безбеден од сајбер-криминал. Се јавуваат компликации, како што и често се случува во вакви дистопични приказни, па за роботот Скарлет секогаш има работа. Уживајте во оваа филмска верзија на популарното аниме со психоделична иднина исполнета со мотоцикли брзи како молња, техно-монаси и џинови кои ловат риба помеѓу облакодери.



Kong: Skull Island (10-ти март)

Еден од најпознатите високи, темни и атрактивни водечки машки улоги во кино-светот - џиновскиот мајмун Кинг Конг, повторно се враќа на платната за неговата најнова преродба во овој филм во кој нема да се качува по Empire State Building, туку наместо тоа, нашиот жесток, влакнест пријател ќе тероризира група на истражувачи - вклучувајќи ги Brie Larson, Tom Hiddleston, Samuel L. Jackson и John Goodman кој залутале на неговиот мистичен дом/остров.



Life (24-ти март)

Со седумте новооткриени планети на кои најверојатно има вода и можебиии и живот, овој sci-fi филм можеби самошто се префрли од забавно попладневно филмче во пророштво на настаните кои ни следат. А екипажот од астронаути, меѓу кои Ryan Reynolds, Jake Gyllenhaal и Rebecca Ferguson го прават откритието на векот: активна форма на живот во вакуумот на вселената.



Logan (3-ти март)

Ова не е соло Волверин филмот на татко ти. Во она што тој тврди дека ќе биде неговото последно издание во култната улога, Хју Џекмен го игра Логан како постар, седокос мутант кој живее на изгорената земја, ослободена од мутанти. Тој се грижи за Професор Икс (кој речиси се распаѓа) додека се во бегство, но нивната позиција е загрозена кога млада девојка со ужасно познати канџи ќе влезе во нивните животи.



Спонозорирани линкови

Маркетинг