Мекларен повторно со нов мотор

КРУГ.МК

28/02/2017

16:41

957

Големина на фонт

а а а

Мекларен мораше по втор пат за два дена да менува мотор во својот болид. По проблемите со Системот за гориво во текот на вчерашниот ден тимот од Вокинг мораше да го промени агрегатот, а истото се случи и денеска.

„Загубивме моќ од агрегатот и во моментов не знаеме што го предизвикало проблемот Го менуваме моторот со цел проблематичниот целосно да го истражиме и да го идентификуваме дфектот“, објасни портпаролот на тимот.

Тимот призна дека проблемите на Алонсо биле изненадување откако во неделата имаа ден за снимање кои минал без никаков дефект.

Првиот мотор на Фернандо сеуште се испитува, но Хонда се сомнева дека резервоарот е можен предизвикувач на проблемите, а како решение се споменува редизајнирање на Системот за гориво.

Стофел Вандорн успеа да комплетира само два кругови на почетокот на сесијата пред да застане беспомошно до боксот, а механичарите мораа да го туркаат назад. Севкупно тој успеа да комплетира 29 кругови.


Спонозорирани линкови

Маркетинг