Сон или јаве? Овие места се толку прекрасни, што е тешко да се поверува дека навистина постојат

Точка

28/02/2017

17:52

7.521

Големина на фонт

а а а

Овие места навистина постојат. Но, претежно изгледаат толку нереално прекрасно, што се чини дека се направени за некој научно-фантастичен филм, а не дека се дел од нашата планета.

Памуккале, Турција


Овој комплекс на термални извори во југозападна Турција изгледа сосема нереално. Памуккале веќе многу децении служи и како одмаралиште, а запишан е и на листата на Светско наследство. Всушност, станува збор за многу тераси во кои се наоѓаат природни базени, а температурата на водата изнесува од 35 до 100 степени.


Хвитсеркур, Исланд


Иако некои велат дека оваа карпа со изгледот ги потсетува на чудовиште, а други дека станува збор за змеј, сепак ова е само една карпа со необичен изглед. Секоја година илјадници посетители доаѓаат да ја разгледаат.


Црвената плажа, Кина


Долга повеќе од 26 километри, оваа плажа е преполна со зелени алги кои на есен поцрвенуваат, па тогаш доаѓа до овие спектакуларни глетки. Тука својот дом го пронашле и околу 400 животински видови, но и 260 различни видови на птици.


Ха Лонг Беј, Виетнам


Заливот во кој се сместени повеќе од илјада острови, островчиња и карпи, дефинитивно е едно од најчудесните места на планетава. Неверојатните пештери и изгледот на островот се уште една од мамките за многубројните туристи.

Кањонот Антилопа, САД


Овој кањон е чист доказ дека самата природа некогаш е најдобар скулптор и уметник. Се наоѓа во резерватот Навајо на Индијанците и влезот е можен само со водич од истото племе. Овој кањон претставува значаен извор на финансии за Навајосите, а во приложените фотографии ќе видите зошто е тоа така...


Плитвички езера, Хрватска


Најстариот национален парк во југоисточна Европа се состои од 16 езера, а е исклучително богат со флора и фауна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг