Сексипилната ќерка на славните холивудски ѕвезди соблекла сè од себе и позирала на плажа

Точка

28/02/2017

17:11

6.036

Големина на фонт

а а а

Манекенката позирала „како од мајка родена“ на песочна плажа, а провокативната фотографија ја споделила со илјадниците следбеници на социјалните мрежи.

„Ова е едно од најослободувачките искуства и најголемата авантура во мојот живот. Возбудена сум поради иднината“, напишала Ајрланд Болдвин (21) во описот на провокативната фотографија на која позира гола на песочна плажа.

Иако разголените фотографии за неа не се ништо ново, Ајрланд со најновата секси фотографија ги залуде обожавателите.


„Изгледаш нереално, како божица“, ѝ напишал еден од воодушевените следбеници на Инстаграм.

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер неодамна позирала во бикини и им испратила порака на девојките дека треба да го сакаат своето тело.

„Бледа сум, обожувам леб и пиво. Имам недостатоци и многу си ги сакам, како и своето тело, а и вие треба да си го сакате сопственото тело. Животот е прекрасен и премногу краток и не треба да го трошиме на опсесија со изгледот или суетата. Живејте во моментот и уживајте во добро друштво“, напишала Болдвин.


Манекенката моментално е во врска со професионалниот сурфер Ноа Швејзер. Пред него се гледала со раперката Ејнџел Хејз, а по раскинувањето со неа се пријавила во клиника за рехабилитација поради „мотивна траума“.


Спонозорирани линкови

Маркетинг