Овцата Доли: 20 години од создавањето на големото научно чудо

Точка

28/02/2017

15:33

6.357

Големина на фонт

а а а

Иако Доли е создадена во јули 1996. година, научниците ја прифатиле во февруари 1997. година.

Научната заедница, оваа година одбележува 20 години од првото клонирање на цицач од возрасна единка – овцата Доли.


Нејзиното создавање остави големо влијание како на луѓето, така и во развојот на биологијата и науката, пренесува Live Science.

Во тоа време, раните биолози на институтот Розлин во Шкотска успеале да клонираат цицач со помош на соматска клетка од возрасна шестгодишна овца, по залудни 276 обиди. За развојот на биологијата сè до тоа време, овој потег се сметал за невозможен.

Иако Доли е создадена во јули 1996. година, научниците ја прифатиле во февруари 1997. година. Во тој временски период, научниците собирале доволно податоци околу целиот проект и правеле проверка на сите информации пред да излезат со официјална објава.


Доаѓањето на Доли на овој свет го унапреди истражувањето на матичните клетки и нивното репродуцирање, што остави голем печат во историјата на науката, посебно во полето на развојната биологија.

Истражувањата на матичните клетки довеле до ветувачки резултати за новите средства за поправка на оштетените ткива. Иако сè уште не сме стигнале до таквите резултати, научниците велат дека нивниот досегашен успех се темели на создавањето на овцата Доли.

Но, животот на Доли бил далеку од совршен – таа прерано остарела, страдала од артритис и болест на белите дробови, при што морала да биде еутанизирана во 2003 година пред да наполни 7 години. Денес, нејзиното препарирано тело е изложено во Кралскиот музеј на Шкотска.


По овој успех, научниците успеале да клонираат и други цицачи – глувци, стаорци, коњи, добиток и диви животни.


Спонзорирани линкови

Маркетинг