Крцкави компири со лук и рузмарин

Точка

28/02/2017

15:01

3.400

Големина на фонт

а а а

Печените компири се одличен прилог за месните јадења или оние од риба, а со лесна салата може да се претворат и во главно јадење на кое никој нема да може да одолее!

Ова е традиционален шпански рецепт за двослојна термичка обработка на компирот. За неговата подготовка, најдобро е да користите компир кој е богат со скроб, како што е стариот компир, бидејќи истиот нуди најбогат вкус.

Потребни состојки (за 4 до 6 лица):

● 1,5 кг. компири
● 50 гр. свеж рузмарин
● 2 поголеми главици лук
● 70 мл. маслиново масло
● 2 лажички путер
● 1 помал лимон
● сол и црн бибер

Подготовка:


Исчистете и излупете ги компирите. Потоа, исецкајте ги на коцки со еднаква големина и ставете ги во голем лонец со студена вода.

Добро посолете и поставете го лонецот на висока температура. Варете ги околу 20 до 25 минути, додека компирите не омекнат.

Во мал сад, измешајте ги исецканиот лук и рузмарин.

Исцедете ја водата од варениот компир и исушете ги.

Земете тава за печење во која ќе додатете маслиново масло. Додајте ги компирите и печете околу пет минути додека кората не стане златна и крцкава.

Потоа, извадете ја тавата од рерна, додајте ја комбинацијата од лук и рузмарин, добро промешајте, а потоа додајте го и путерот и посолете по желба.

Печете сè додека не заруменат.

Кога компирите ќе се запечат, изрендајте кора од лимон врз нив и послужете ги топли. Добар апетит!


Спонозорирани линкови

Маркетинг