Најчудните забавни паркови на светот

Точка

28/02/2017

13:45

4.363

Големина на фонт

а а а

Некои од овие забавни паркови не се наменети за семејна посета. Тоа е поради поставената старосна граница поради голотијата која се прикажува или други чудни работи кои не се наменети за најмладите. Во кој парк можете да се најдете очи во очи со опасноста, или да “влезете” во играта Angry Birds, дознајте во продолжение.

ErotikaLand, Бразил


Отворањето на овој забавен парк е закажано за две години од сега, но планирајте го Вашето патување без децата. Паркот на еротски скулптури и задоволства ќе биде меѓу главните атракции на Бразил, а предусловот за негова посета е да имате над 18 години.

Ark encounter, Америка


Нешто спротивно од еротика – овој парк ќе биде реплика на Ноевата арка и ќе претставува “библиски забавен парк”. Димензиите на арката се во оригинална големина, а целиот проект ќе чини околу 90 милиони долари. Звучи забавно, зарем не?

Love Land, Јужна Кореја

A post shared by 나스짜 (@stanochka) on


Еротските паркови заземаат сè поголем замав во светот, а еден таков се “смести” и во Јужна Кореја. Тука се наоѓаат повеќе од 140 скулптури, чија главна одлика е интерактивноста со посетителите.

Kingdom of The Little People, Кина


Луѓето наоѓаат забава и во контроверзното. Каков таков пример е и овој забавен парк во Кина, во кој сите вработени не смеат да бидат повисоки од 130 cm. Тие се задолжени за забавување на посетителите, играјќи балет, раскажувајќи приказни, глумење итн. Сопствениците на паркот постојано се обвинувани и осудувани дека паркот претставува потсмев кон џуџињата.

The Holy Land Experience, Америка


Повторно религиски парк, но овој пат со седиште во Флорида! Меѓу останатото, овој забавен парк содржи и реплика од гробот на Исус, последната вечера на која и Вие можете да вечерате во друштво на Исус, реплика од Ерусалим итн.

Angry Birds, Велика Британија


Замислите за момент да можете да влезете во својата омилена игра. Со обѕир на тоа дека цел свет користи паметни телефони, посетителите на овој парк имаат можност да “ѕирнат” во најпопуларната игра за мобилен телефон – Аngry Birds. Парк од ваков тип има на повеќе локации низ светот, но ние ја одбравме токму Англија како најблиска дестинација.

Darwin Crocodile Park, Австралија


Главна атракција на овој парк е “Кафезот на смртта”. Едноставно, влегувате во него и Ве спуштаат под вода во која живеат вистински, огромни и живи крокодили. Овој потег е само за храбрите кои сакаат да бидат очи во очи со овие опасни суштества.

Shijingshan Amusement Park, Кина


Овој забавен парк се најде во центар на вниманието во 2007. година, кога без дозвола презема голем број на ликови од американските и јапонските цртани филмови. Паркот е скоро идентичен со Disneyland, па оттаму и мотото: Disneyland е предалеку, дојдете во Shijingshan!

Dubailand, Обединети Арапски Емирати


Овој забавен парк ќе ги посрамоти сите останати! Колку и да звучи неверојатно, планираниот буџет за изградба на овој парк е 64 милијарди долари. Да, добро прочитавте – милијарди. Во него ќе има сè што можете да замислите, вклучувајќи го и филмскиот свет Warner Bros, тематски Formula 1 парк, неколку шопинг центри и панорамско тркало со висина од 185 метри. Како рок за завршување на паркот е поставена 2020. година.


Спонозорирани линкови

Маркетинг