Карпош Соколи: БИБЛ со парите кои ни ги украде нека ги плати македонските судии

Макфакс

28/02/2017

13:15

468

Големина на фонт

а а а

Кошаркарскиот клуб Карпош Соколи нема да го продолжи учеството во балканската БИБЛ лига, бидејќи не ја платил казната поради напуштањето на натпреварот со Теодо. Епилогот е очекуван бидејќи од скопскиот клуб тоа и го најавија по спорниот меч со Теодо, кога заминаа од теренот иритирани од судиските одлуки.

БИБЛ во текот на вчерашниот ден ја објави одлуката, а ден потоа Карпош Соколи со соопштение и се обрати на јавноста и уште еднаш гиобвини челниците на ова натпреварување дека нивна единствена цел е да остварат што е можно поголема финансиска добивка без воопшто да се грижат за регуланоста и унапредувањето на ова натпреварување.

„На вакво нешто и претходно се сомневавме, но сега се уверивме според начинот на кој „големците“ во Балканската лига постапија во случајот со Карпош Соколи правејќи вистинска „каша-попара“ низ актите на лигата за да дојдат до посакуваната цел – да ги украдат нашите пари.

Како поинаку да се сфатат нивните последни одлуки на штета на нашиот клуб, со кои ретроактивно сме казнети ригорозно за нешто што претходно ни била изречена опомена или, пак, драстично помала парична санкција.

Така на пример, сега добивме казна од 5.000 евра за грешка направена на натпревар одигран пред речиси еден месец, по кој за истата работа бевме санкционирани со само 200 евра.

Исто така, бевме информирани дека треба да платиме две казни од по 1.500 евра за наводно неисполнување на критериумите за рекламирање на БИБЛ-лигата на двете средби кои во октомври односно ноември минатата година ги одигравме во СРЦ „Кале“ поради зафатеноста на нашата матична сала.

Смешното во оваа ситуација е што ваквата промена беше направена со одобрување на раководството на ова натпреварување, кое тогаш покажа разбирање за нашиот проблем со термините во салата „Борис Трајковски“.

Со донесувањето на овие три ретроативни одлуки, челниците на балканското натпреварување го покажаа вистинското лице, а тоа е желбата да ни ги украдат парите кои ги имавме депонирано пред почетокот на лигата.

Смислено беа бирани сумите на казните за да се дојде до вкупна бројка од 12.000 евра, колку што беше нашиот депозит, за потоа да нѐ известат дека треба да платиме дополнителни 6.000 евра за да продолжиме да играме. Нормално, знаејќи го начинот на работа на луѓето во БИБЛ, не го сторивме тоа не сакајќи да продолжиме да ги полниме нивните џебови.

Последните одлуки и не нѐ изненадија премногу, знаејќи ги претходните искуства на македонски тимови кои играа(т) во ова натпреварување. Јавна тајна е дека речиси ниту еден од учесниците, барем не од нашата држава (Торус, Работнички…), не ги добил назад парите дадени како депозит, иако ниту од далеку не направиле прекршоци со кои тие би имале оправдание да им ги земат.

Ако на ова се додаде долгот од стотина илјади евра кон судиите и делегатите, меѓу кои има и голем број од Македонија, тогаш е јасно зошто почнуваме да изразуваме сомнеж дали луѓето од БИБЛ воопшто имаат чесни и спортски намери при организацијата на ова натпреварување“, се вели во дел од соопштението на Карпош Соколи.

Клубот исто така уште еднаш побара од Македонската кошаркарска федерација да се ангажира и заедно со останатите од регионот да формира Балканска кошаркарска лига (БКЛ), која би била регуларно организарана и признанена од ФИБА.

„Изразуваме надеж дека луѓето кои сега ја предводат Балканската лига ќе имаат барем малку доблест и со парите што ги украдоа од КК Карпош Соколи ќе вратат барем дел од големиот долг кој го имаат кон македонските судии и делегати. Тие се докажани професионалци кои воопшто не заслужуваат ваков однос“, стои во соопштението од Карпош Соколи.


Спонозорирани линкови

Маркетинг