Надал за одлуката на неговиот чичко: Сега има други приоритети и јас тоа го почитувам

Дерби

28/02/2017

12:14

656

Големина на фонт

а а а

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал даде свој коментар на одлуката на неговиот чичко и тренер Тони да ја прекине соработката со него по крајот на оваа сезона.

Тони беше заедно со Рафа низ текот на целата досегашна кариера, па затоа е и изненадување неговиот потег.

- Тони е потполно слободен, како што и секогаш бил, да донеси сам одлуки и да го избере она што го прави среќен. Сега има други приротети како што кажа, академијата е амбициозен проект, а плус има и семејство. Јас се чувствувам подобро кога луѓето кои ги сакам се среќни. Пред се тој е мој чичко. Цел живот е со мене и со него имам посебен однос како и со останатите вујковци и чичковци, - рекол Надал кој сè уште не знае дали ќе ангажира друг тренер.

-На крајот на годината ќе седнам со Франциско Роиг и Карлос Моја и ќе се договориме. Не знам дали ќе ми биде потребен некој нов, -заклучил шпанскиот ас.


Спонозорирани линкови

Маркетинг