Негативен рекорд на Стеф Кари

Макфакс

28/02/2017

10:53

610

Големина на фонт

а а а

Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, победи запишаа водечките тимови, а индивидуално блеска Демар Дерозан кој го реши мечот помеѓу Њујорк и Торонто, додека Стеф Кари постави негативен рекорд.

Најдобриот тим во лигата Голден Стејт гостуваше во Филалдефија, запиша победа 119:108, во натпревар во кој Кари не погоди ниту една тројка од 11 обиди што е нов негативен НБА рекорд. Бекот на Вориорс мечот го заврши со 19 поени.



Ол-стар играчот на Торонто, Демар Дерозан, го реши победникот на мечот во Њујорк, откако на 1,9 секунди до крајот на натпреварот постигна поени за конечно 92:91. Дерозан беше најефикасен играч на натпреварот со 37 поени.

Кајри Ирвинг со 25 и Леброн Џејмс со 24 поени го предводеа Кливленд до победата над Милвоки 102:95.

Далас славеше во дуелот со Мајами 96:89, Индијана победи во Хјустон 117:108, Атланта славеше во Бостон 114:98, а Сакраменто загуби од Минесота 88:102.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

Whoops, looks like something went wrong.