Голо и секси, а воопшто не изгледа вулгарно: Таа покажа како се прави тоа!

Точка

27/02/2017

22:00

8.447

Големина на фонт

а а а

Таа секогаш нè воодушевува на црвениот тепих. Позната е по длабокото деколте кое го носи со вкус и стил, па затоа не е никакво изненадување дека на забавата по доделувањето на Оскарите уште еднаш сите очи биле вперени во нејзината секси тоалета!

За овој настан Кејт Хадсон одбрала прекрасна полу-провидна тоалета од Кавали со ретро детали од чипка. Кројот на фустанот е неверојатен!


Кејт ја стилизирала Софи Лопез, која од накит ѝ препорачала минимални детали, кои не би го украле вниманието од прекрасната тоалета. Така, Кејт носела дискретни обетки, а косата ја кренала во благо натапирана пунџа.

На деколтето не носела ѓердан, а сето тоа е изведено за целиот фокус да биде на - кожата.


Токму таа боја на кожа која се граничи со пудра розова боја, докажува дека не мора да носите црно или впечатливи бои за да изгледате елегантно на црвениот тепих.


Разголените фустани и длабоките изрези се во тренд, но во повеќето случаи изгледаат евтино, особено ако девојката има бујни гради. Кај Кејт тоа не е случај.


Иако не беше номинирана за Оскар, 37-годишната актерка со својот софистициран секси стајлинг нè потсети на златната статуетка, и што се однесува до нас, секако го заслужи епитетот на една од најубаво облечените актерки на синоќешната забава.


Спонозорирани линкови

Маркетинг